NBA колумна на Димитар Младеновски-Кога најмладиот стана најдобар (ВИДЕО)

667

Следното првенство ке претставува 10 годишнина од освојувањето на MVP наградата на најмладиот играч во историјата – Дерик Роус. На само 22 годишна возраст, во сезоната 2010-2011, “Пух” имаше фантастично индивидуално издание (просек – 25 поени и 8 асистенции) за прво место неговите “Булси” со скор 62-20. Апсолутно заслужено, ја доби наградата за најкорисен играч на првенството.

Во само три професионални години, успеа да придобие милиони фанови ширум Светот. Во само третата сезона во NBA, заслужи да биде вбројуван помеѓу најдобрите играчи кој се појавиле до тогаш. Играта на ултра брзиот бек имаше лесно видлива и јасно изразена тенденција да оди само во нагорна линија. Беше подготвен да ја освои лигата и да владее со неа. За жал, среќата не беше на негова страна. Тој период, стилот кој се играше оваа прекрасна игра, како и силните “бикови” се далеку зад нас. Дури, се чувствува пре далеку.Се што се случуваше потоа, од ужасните повреди и многубројните обиди за враќање на стариот сјај, преку редифинирање на својата игра, до неисцрпна желба и напорна работа претставува еквивалент на денешниот успех. Најдобриот играч кој се појавил од државата Илиноис, беше трејдуван од својот омилен тим во Њу Јорк. Беше многу чудно  да се види во друг дрес, но тоа се случи во 2016 година. По само една сезона во “големото јаболко”, Роус замина во Кливленд па по нецели 4 месеци се најде во ладната Минесота. Токму во дресот на “волците” од Минеаполис, покажа дека може да понуди многу повеќе отколку тоа што т.н. експерти го очекуваа од него. Денес со гордост настапува за Детроит, и е вистински миленик на навивачите.Неговите верни фанови сеуште тагуваат за оние прекрасни денови во дресот на тимот за кој навиваше. Секогаш ке тагуваат. Кога човекот кој е олицетворение на градот за кој настапува (и каде што е роден) ке биде разменет е вистински нож во срцето. Професионалниот спорт е пред се бизнис, и сме биле сведоци на неочекувани пресврти и шокантни промени. Долго време потоа Дерик Роус не можеше лесно да зборува за сето тоа. Се до пред една година. Психички борејќи се секој ден, успеа да докаже дека не смее пред време да биде отпишан. Не е само носталгија. Искрено, секој негов фан би сакал повторно да го види во црвено-црниот дрес. Повторно назад во неговото родно Чикаго.Роус е вистинска инспирација за секој спортист кој преживеал повреда, и за секој човек кој се соочил со проблеми, воопшто. Следува едно часовно видео во кое на дело е легендарната сезона на најмладиот кој некогаш бил избран за најдобар. Вистинско уживање.

NBA FAN

Димитар Младеновски