Марјана Станојковска во кревет прима само смешни мажи!

8374

“Навистина е тешко да чекориш во чевли на сингл девојка, затоа понекогаш ви требаат некои навистина посебни” – гласи легендарната изјава на Кери Бредшо од култната серија “Сексот и градот”. Со неа се согласуваат и нашите познати дами кои гордо покрај своите имиња го носат статусот сингл, или барем како таков го претставуваат во јавноста. Марјана Станојковска, Фани, Џесика Палашоска … се само дел од домашните убавици кои немаат посилни половини.
Сепак, доколку се појави некој магичен на којшто нема да можат да му одолеат, тие не ја исклучуваат можноста да се заљубат, а доколку сакате да ги освоите, направете го следново…

Марјана Станојковска

“Кога се мажите во прашање, нема некои посебни правила. Првенствено сакам мажи кои се искрени, коректни и паметни. Многу ми е важно партнерот кој ќе го имам покрај себе да има смисла за хумор, откри Марјана и додаде дека од такт најмногу ја вади кукавичлакот.

” Не сакам покрај мене да имам некој кој не може да ја преземе улогата на маж и да се соочи со сите животни ситуации, па јас да морам да бидам похрабра од него. Тоа дефинитивно ми пречи” , рекла водителката за весникот Вечер и заклучила дека сака мажи кои се занимаваат со спорт и имаат правилни раменици.

Фани Христова

” Верувам во љубов и ќе продолжам да верувам. Далеку од тоа дека ќе се откажам од неа. Знам дека ќе го најдам вистинскиот. Тогаш кога ќе треба ќе се појави. Се во свое време. Сега – засега уживам во слободата и не сум оптоварена со тоа по секоја цена да најдам партнер. Сакам позитивни и изреализирани мажи”, рече пејачката и диџејка која веќе извесен период се занимава со јога.

Џесика Палашоска

” Немам дечко, а не го ни барам. Уживам во слободата и во времето поминато со моите
другарки. Не сакам да се заљубам, рано ми е за такво нешто. Немам некој посебен тип на маж на којшто паѓам. Музиката и кариерата ми се приоритет и нема да дозволам поради маж да се откажам од нив, како што направија голем број на мои постари колешки”, вели фолкерката која јавноста ја запозна со провокативните рефрени ” Швалерка”, ” Ураган”, ” Професоре”…