Фолкерката Сања Цинцева го промовираше видеото за темата „Барбика кралица“ која што ја сними заедно со Џамбо Агушев. Станува збор за рефрен кој што го потпишуваат Борче Нечовски и Дејан Момировски, додека, пак, видеото е дело на Дарио Јанковиќ.
„Темата е модерна, летна и сите прогнози се дека ќе прерасне во вистински хит. Се надевам дека на публиката ќе и се допадне ова што го сработивме заедно со тимот, станува збор за нов звук, нешто што досега кај нас го немало и сигурна сум дека ќе имаме позитивен фидбек“, вели Сања која во спотот се појавува во неколку провокативни комбинации, а задолжени за стајлинзите и изгледот беа Викторија Петров Бурсаќ и Даниел Николовски.
Сања вели и дека искрено се надева оти наскоро ќе може да им се врати на настапите и потенцира колку многу и недостасува дружбата со публиката.
„Се надевам дека наскоро ќе се врати се во нормала и дека публиката ќе има можност да ја чуе во живо „Барбика кралица“, додаде пејачката.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















