По непреболениот Хит Леџер, фалениот Џек Николсон и помалку пренагласената интерпретација на Џеред Лето, во улогата на Џокер ќе се испроба Хоакин Феникс, и тоа во октомври кога филмот “Joker” ќе пристигне во кино салите.
Фановите на суперхероите (и супернегативците) не беа среќни кога во февруари беше откажан филмот за криминалниот мастермајд, во кој Џеред Лето требаше да ја продолжи својата улога од “Suicide Squad”, a зелената коса и лудачкото смеење му се доделени на Хоакин Феникс.
Режијата и сценариото го потпишува Тод Филипс кој изјавил дека “Joker” сигурно нема да биде достапен за секоја публика, што значи дека сцените на насилство веројатно нема да бидат ретки.
Тој неодамна споделил фотографија на која Феникс нанесува бела боја на лицето по која е познат архинепријателот на Бетмен.

Приказната ќе се одвива во 1981 година и го раскажува животот на пропаднатиот, психички нестабилен комичар кој доживува слом и станува психотичен криминалец кој го тероризира Готам. Заедно со Феникс, во филмот играат и Роберт де Ниро, Зази Битц, Франсис Конрој, Марк Марон, Бил Камп, Глен Флешлер и многу други.
Филмот ќе пристигне во кино салите на 4-ти октомври.

![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)

![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)

![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)