Без разлика на несогласувањата, Русија и Кина формираат “Источна Антанта”, која може да им се спротивстави на САД и НАТО, пишуваат американските медиуми.
Како што пишува “Hill”, Западот смета дека во односите меѓу Москва и Пекинг има многу препреки кои нема да им дозволат да направат силен сојуз. Пример за тоа се историското взаемно непријателство и територијалните спорови, како и ривалство за влијание во Централна Азија.
Сепак, како што наведува Џеф Хоун, недовербата кон политиката на САД им овозможува да ги надминат сите тие спротивности и да направат взаемно корисен договор. Коментаторот на “Hill” додава дека главна предност на соработката меѓу двете земји е тоа што ниедна од нив не претставува егзистенцијална закана за друга држава.
Тие немаат намера да и го наметнуваат една на друга својот државен поредок, но се меѓусебна конкуренција поради суверенитетот над одредени територии и во експлоатацијата на ресурси.
Во исто време Западот смета дека исклучиво неговите идеологии и неговиот поредок се исправни. Освен тоа, Хоун напишал дека Русија и Кина се поранешни империи кои себеси се сметаат за “жртви на игрите на западните држави”. Пекинг и Москва сакаат да стават точка на американското владеење на светот и да обезбедат економски раст и безбедност на своите држави.
Тој ги повикал западните земји да обратат внимание на тој и натаму недоволно цврст сојуз. “Можеби е време да се постави прашањето колку моќен ќе стане сојузот меѓу Москва и Пекинг, а не дали тој ќе се случи”, заклучил Хоун.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



