Горан Пандев беше повторно лидер на теренот и се појави во дресот на Македонија и покрај болките што ги имаше пред средбата.
Најискусниот играч се запиша во листата на стрелците на дуелот во Рига (0-2), а по истиот истакна дека е среќен од трите бода и дека следните два меча ќе бидат многу важни за нас.
„Овој натпревар за нас беше многу важен. Мислам дека извојувавме една рутинска победа. Важни се овие три бода, сега следат мечеви со Словенија и Послка и тие мечеви се одлучувачки. Целта беше да освоиме четири бода во овие натпревари, штета што не освоивме повеќе и со победа во Израел, но гледаме понатаму. Борбата за ЕП уште трае“, изјави Пандев.
Следниот дуел за Македонија ќе биде на домашен терен против Словенија и ќе се игра во рамки на октомврискиот прозорец, а потоа се гостува во Варшава, кај лидерот во групата Полска.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















