Знаци кои покажуваат дека телефонот ви е хакиран

528

Мобилните телефони се нашата десна рака. Многу важни податоци се наоѓаат во овие уреди, па затоа треба да ги заштитиме од вируси и хакерски напади.

Ова се пет знаци дека вашиот смартфон е хакиран.

Се рестартира

Нема причина зошто вашиот телефон би се рестартирал ако сè е во ред. Ако забележите дека се рестартира сам од себе, тоа може да биде знак дека вашиот телефон е хакиран или „заразен“ со некој вирус.

Не може да го вклучите

Ако не можете да го исклучите вашиот смартфон – ова е уште еден знак дека ви е хакиран.

Се загрева брзо

Ако забележите дека вашиот смартфон се загрева и кога не го користите или користите некои основни апликации ова е знак дека безбедноста на вашиот телефон е загрозена.

Непознати броеви во повиците

Кога ќе ги погледнете повиците, дали ги препознавате сите броеви? Доколку сте забележале непознати броеви во листата на повици, обратете се до некој информатичар кој може да ви помогне.

Непознати апликации

Доколку ви се појават некои апликации кои не ги користите и ви се сомнителни, има две причини поради тоа – или имате вирус или телефонот ви е хакиран.