NBA колумна на Димитар Младеновски-Историска вечер во најсилната лига (ВИДЕО)

751

Синоќа, за прв пат во богатата историја на NBA, дури 5 играчи остварија трипл-дабл учинок во иста ноќ. Го издвојуваме дуелот помеѓу Милвоки Бакс и Вашингтон Визардс во Американската престолнина.

Во “Кепитл Уан” арената, бевме сведоци на исклучително возбудлив натпревар. Милвоки (нешто потешко од очекувањата) го совлада ослабениот Вашингтон со конечни 125:119. Иако пред мечот важеа за големи фаворити, избраниците на тренерот Мајк Буденхолзер, убаво се испотија и ја заслужија победата. “Елените” беа предводени од актуелниот двократен MVP, Јанис Антетокумпо кој постигна 33 поени, имаше 11 скокови и 11 асистенции. Бековскиот тандем на тимот од Висконсин, Џру Холидеј и Крис Миделтон, го следеа својот лидер со 18 и 16 постигнати поени.За “волшебниците” на спротивната страна, Расел Вестбрук имаше монструозна партија. Во отсуство на првиот стрелец на тимот од главниот град,  Бредли Бил, новиот плејмејкер на Вашингтон одигра како во своите најдобри денови. “Рас” реализираше трипл-дабл ефект сочинет 42 поени, 12 асистенции и 10 скокови. Залудна беше и одличната поентерска партија на младиот јапонски репрезентативец, Руи Хачимура кој постигна 29 поени.Со новиот триумф, Милвоки се наоѓа на третото место на Источната конференција и сериозно им се доближува на тимот од Бруклин и првопласираната Филаделфија. Вашингтон сеуште се наоѓа на долниот дел од табелата со скор 14-23.

NBA FAN

Димитар Младеновски