Лука Дончич и Треј Јанг имаа свој судир во синоќешниот меч помеѓу Далас и Атланта. Во дуел на двајца големи пријатели, кој (интересно) беа разменети еден за друг на драфт вечертa 2018, победата остана на домашниот терен. Дончич продолжува со стабилна и зрела игра. Младата ѕвезда блеска во дресот на Далас. Најмногу благодарение на неговата одлична партија, “мавси” ја совлада Атланта во неизвесен меч (со 118-117). На спротивната страна, Треј Јанг имаше одлично “all around” издание постигнувајќи 25 поени и 15 асистенции кои не беа доволни за радост на “јастребите”.Словенечкиот суперстар мечот го заврши со нов “трипл-дабл” учинок составен од 28 поени, 10 скока и исто толку асистенции. Со 32-от “трипл-дабл” го прескона Меџик Џонсон во две категории. Се најде на второто место на листата на играчи со најмногу вакви остварувања во првите три сезони како професионалец во NBA. Дончич по овој меч е во поход на остварувањето на легендарниот плејмејкер, Оскар Робертсон. До 23-тиот роденден му требаат уште шест вакви партии со кој би го надминал “големиот О”.
NBA FAN
Димитар Младеновски