Проработе сајтот „vakcinacija.mk“,почна пријавувањето за вакцинација

167
Синоќа профункционира и сајтот „vakcinacija.mk “ што вчера го пушти во употреба министерството за здравство.

Проблемите што се појавија првично, беа надминати и граѓаните веќе може да се пријавуваат за вакцинација.

Сајтот повеќе не бара да се внесе безбедносен код, кој пристигнуваше на телефонскиот број.

Освен по електронски пат, пријавување за вакцини ќе вршат и матичните лекари.

За само неколку часа има повеќе од 8000 регистрирани граѓани на веб-страницата www.vakcinacija.mk која денеска е пуштена во употреба, соопшти синоќа министерот за здравство венко филипче на својот фејсбук-профил.