Мајка и ќерка направиле хаос во авион: Се опијаниле, па избила масовна тепачка

92

Мајка и ќерка во алкохолизирана состојба, Карин и Кери Паркес се обвинети за предизвикување на неред во патнички авион на летот кон Агадир во Мароко.

Откако испиле „неколку“ чашки алкохол, тие предизвикале кавга во која учествувале 20-тина патници, по што избила и тепачка. Една од нив се обидела да го удри и стјуардот, а другите морале да ја држат.

Пред судот било наведено дека пилотот го пренасочил авионот кон Казабланка откако добил информација од екипажот дека „задниот дел од авионот е надвор од контрола“. Во близина на нивните седишта биле пронајдени неколку празни шишенца со алкохол.

Инцидентот се случил на 19-ти јануари минатата година. Обвинителот Ник Смарт открил дека обвинетите го напаѓале и навредувале екипажот, посебно откако стјуардесите одбиле да им донесат алкохолни пијалоци. Од нив бил одземен преостанатиот алкохол кој го внеле во авионот, по што станале агресивни.

Стјуардот Лиам Диксон изјави дека Карин се обидела да го удри и била „надвор од контрола“. Пред судот сведоци откриле дека имало голема тепачка помеѓу повеќе патници и „летале тупаници на сите страни“. Во тепачката учествувале најмалку 20 патници.

Двете жени негираат дека биле пијани и дека го нападнале екипажот на авионот. Судењето продолжува.