Тимовите на Атланта Хоукс и Њу Орлеанс Пеликанс се последните патници во плејофот.
“Јастребите” на гостински терен го поразија Кливленд (107:101) и со тоа закажаа дуел во првата рунда против првопласираниот Мајами Хит. Треј Јанг (стандардно) беше лидер на тимот од Џорџија постигнувајќи 38 поени и 8 асистенции, следен од Богдан Богданович кој постигна 19.

Њу Орлеанс го освои Лос Анџелес и ги елиминира “Клиперси” во неизвесен финиш (105:101). “Пеликаните” во првото коло ќе се судрат со големиот фаворит, првопласираниот тим во целата лига и (можеби) главниот фаворит за титулата, Феникс Санс. Брендон Инграм беше водечки за тимот од Луизијана со 30 постигнати поени и е главната причина за годинешниот плејофпласман.
NBA FAN
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)






















