Запознајте го градот кој што е еден од омилените меѓу луѓето ширум светот затоа неретко многу од нив одлучуваат својата среќа да ја побараат токму во него – поради тоа трајно се иселуваат таму.
Доха за многумина е еден од најубавите, најчисти и најсигурни градови на светот, а ние лесно може да се согласиме со тоа.
Kако главен град на Катар, со своите 350 илјади жители тој е еден од омилените градови на Блискиот исток, а сместен е на крајбрежјето на Перзискиот залив.
Пред помалку од двеста години на тоа место имало пустина, но благодарение на нафтата набрзо подрачјето прераснало во средиште на регионот.
Стариот дел на градот е различен од многу други арапски градови, таму ќе најдете базари, многубројни дуќани, ресторани и кафулиња.
Целиот тој дел од градот е обновен пред околу 10 години, па поради тоа изгледа како да е изграден вчера.
Тоа е едно чисто, културно место за прошетка на туристите кои го посетуваат Доха.
„The Pearl“ е едно од местата во светот кое што мора да го посетите.
Овој вештачки остров е во форма на бисер, а изграден е поради тоа што во Доха имаат проблем со недостаток на станбени објекти.
Сместен на вештачкиот остров, се наоѓа Музејот на исламската уметност кој што е вистинско чудо на архитектурата.
Музејот е отворен во 2008-та година.
Доколку тргнте во Доха, тогаш мора да го искусите и ноќниот живот.
Тој претежно е сместен на крововите од хотелите, каде што се наоѓаат барови, но за да посетите некој од нив навистина треба да имате „подлабок џеб“.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











