На синоќешниот дуел против Њу Орлеанс Пеликанс, Никола Јокич повторно пружи феноменална партија.
Српската ѕвезда имаше фантастичко достигнување. Оствари трипл-дабл учинок со 46 поени, 12 скокови и 11 асистенции во победата на неговиот Денвер од 138-130 по дополнителните пет минути игра. Придодаде и 4 блокади и 3 украдени топки. Јокич беше главна фигура во последната четвртина и продолжението. Популарниот “Џокер” во овој дел од натпреварот постигна вкупно 30 поени носејќи победа за “нагетси”.
Со ова достигнување Јокич стана првиот играч во историјата на NBA кој успеал да постигне трипл-дабл ефект со над 40 поени, 10 скокови, 10 асистенции, 3 блокади и 3 украдени топки. Тимот од Колорадо се наоѓа на шестата позиција на западот, со 38 победи и 26 порази.
NBA FAN
Димитар Младеновски