Апокалиптични сцени од поплавената Италија! 30 мртви во невремето: Најлошо на Сицилија, цело семејство настрадало заробено во куќа

268

Во Италија бројот на жртви од невремето за една недела пораснал на 30 настрадани, од кои 12 загинале на Сицилија.

“Ansa” наведува дека меѓу жртвите на тој остров се девет членови на две семејства, вклучувајќи две деца и адолесценти, кои во текот на невремето останале заробени во мала илегално изградена куќа во Кастелдачиа на подрачјето на Палермо, изградена покрај потокот Миличи, кој и претходно предизвикувал поплави.

Италијанската агенција за цивилна заштита соопштила дека во петокот во удар на гром на Сардинија загинал турист од Германија.

Како што пренесува “Reuters”, уште едно лице, кое пред неколку дена било удрено од гром, починало во болница.

Повеќето луѓе ги загубиле животите од удари од откорнати стебла.

Според процената на Здружението на италијанските економски компании, во невремето биле уништени околу 14 милиони стебла.

Најголема штета претрпеле областите околу Венеција, каде поради одрон биле отсечени села и патишта.