Едно од најинтересните тимови во лигата е младиот состав на Хјустон Рокетс.
По ужасната серија од 15 порази едно по друго, “рокетси” во моментов, имаат 6 победи по ред. Во синоќешниот дуел со Њу Орлеанс Пеликанс, тимот од Тексас повторно извојува победа на задоволство на домашните навивачи. Во брз и ефикасен натпревар, конечни 118-108 за Хјустон. Иако најголемиот дел на експертите не очекуваат некој забележителен резултат, младиот тим од Тексас покажува знаци на напредок.
Во последниот натпревар, најдобри стрелци беа Кристијан Вуд и Ерик Гордон со по 23 постигнати поени. Хјустон на два пати ја победи Оклахома, ги поразија Чикаго, Шарлот, Орландо и синоќа Њу Орленс за оваа успешна серија.
NBA FAN
Димитар Младеновски













![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)


![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)
















