Ноќта помеѓу 14-ти и 15-ти Март 1998 година, се одигра еден специјален натпревар.
Чикаго Булс се судри со Сан Антонио Спарс во “Аламо дом”.
Малкумина (во тоа време) можеа да помислат дека ова е дуел помеѓу два шампионски тимови кој ќе ја заокружат декадата.
Оваа вечер (како и многупати претходно) шампионот на дело ја покажа својата моќ.
“Биковите” го освоија гостинскиот терен со конечни 96:86, за својот 47-ми триумф во тековното првенство. Ова беше првата победа на лутите,потценети и разјарени “бикови” во серијата од 13 по ред со кој ја потврдија својата доминација.
Најголемиот на сите времиња, Мајкл Џордан (стандардно) беше лидер со 30 поени а Тони Кукоч беше втор стрелец со 21 постигнат поен како нерешлива енигма за противничката одбрана. Денис Родман имаше 16 скокови против својот поранешен тим.
На спротивната страна Дејвид Робинсон беше прв стрелец на мечот со 35 поени а (тогашниот дебитант) Тим Данкан реализираше “дабл-дабл” учинок од 14 поени и 12 скокови.
“Биковите” беа чист израз на доминација низ декадата а дуелот кој на моменти изгледаше како судир помеѓу два фоврити од двете конференции доведе неочекувани дискусии и дилеми во годините потоа. За повеќето кошаркарски сладокусци остана дилемата како ли би изгледал овој дуел веќе следната (скратена) сезона ’98/’99?
Што доколку Чикаго го задржеше шампионскиот состав и се судреше со (идниот шампион) тимот од Тексас кој во сезоната што следуваше ја освои првата титула во тимската историја.
Многу прашања засекогаш останаа не одговорени.
Уживајте во најубавите моменти од најголемиот играч на мечот меѓу тогашниот (актуелен) и идниот NBA шампион.
NBA FAN
Димитар Младеновски