Се укинуваат вонредните мерки за загадувањето на воздухот во Скопје

73

Од денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои и за бесплатниот јавен превоз и поскапиот паркинг, соопшти Град Скопје.

Покрај ова, се укинуваат и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени во понеделникот.

– На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175 µг/м3 и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината, информираат од Град Скопје.

Мерките и препораките за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори загадувањето на воздухот.