Веќе неколку ноќи лице облечено во бела мантија ги плаши кавадарчани на влезот од патеката кај споменикот „12-те деца“.
Лицето, како што сведочат очевидци, ги плаши жителите на овој град затекнати во овој реон, често игра и се врти, а на моменти фрла и камења кон присутните.
На социјалните мрежи е објавено видео од овој настан, а граѓаните реагираат и прашуваат за што станува збор – дали се во прашање некои пагански обичаи или, пак, некој само сака да ги заплаши оние што пешачат на патеката.
Сепак, и покрај вознемиреноста, никој сè уште не го пријавил лицето во полиција.
Инаку, според раскажувањата на жителите во градот, во тој реон многу често во ноќните часови се собираат и наркомани и важи за нивно дувло.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















