Јута Џез ги претстави новите дресови во кој премиерно ќе се појават на стартот на новото првенство.
Најмногу внимание привлече легендарниот “ретро” дрес со кој тимот од Солт Лејк Сити стигна до големото финале во два наврати (1997 и 1998 година) каде загубија од Чикаго Булс. Оваа униформа “џезерите” ја носеа од 1996 до 2004 година.
Новата црно-жолта варијанта наиде на многу критики од страна на навивачите. Колку што со воодушевување беше прифатено враќањето на “ретро” дресот толку новата т.н. “ремикс” варијанта наиде на разочарување поради (како што многумина го нарекуваат) досадниот и едноставен дизајн кој не го очекуваа. Според фановите, новите дресови повеќе наликуваат на опрема која се носи за тренинг а не на официјален NBA натпревар.
Како и да е, едно е сигурно. Пред “џезерите” е жешко лето исполнето со многу прашања. Во кој состав ќе се појави Јута е сеуште нејасно но, барем се знае како ќе изгледаат на теренот.
NBA FAN
Димитар Младеновски