Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди, а на планините повремено ќе провејува снег. Минималната температура ќе изнесува -5 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Утринската температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната дневна температура ќе изнесува 11 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ноќта кон петок од југозапад ќе се прошират врнежи кои понекаде и на пониските места ќе бидат од снег. Утринските температури до петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата, а потоа малку ќе се покачат.
Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег, ќе започне во сабота.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















