Се чека Македонија – сите учесници на ЕВРО 2020

69

Велс со победата над Унгарија стана 20. репрезентација што успеа да обезбеди учество на ЕВРО 2020, затворајќи ја листата на селекции кои дојдоа до евро-виза преку квалификациите.

Како што е добро познато, на овој шампионат ќе учествуваат 24 селекции, а последните четири места се чуваат за плејоф-завршниците од Лигата на Нации, пат преку кој и Македонија ќе се обиде да испише историја и да стане дел од едно големо натпреварување.

Досега билети за ЕВРО 2020 обезбедија селекциите на: Австрија, Белгија, Данска, Англија, Германија, Италија, Португалија, Русија, Швајцарија, Турција, Чешка, Хрватска, Финска, Франција, Холандија, Полска, Шпанија, Шведска, Украина и Велс.

Само за потсетување, Македонија во месец март ја очекува полуфинален бараж од Лигата на Нации против Косово. Во случај на триумф над Косово, нашите репрезентативци ќе водат финална битка за билет за ЕВРО 2020 против подобриот од мечот Белорусија – Грузија.