NBA-Детроит со “ретро” изглед (ВИДЕО)

453

Тимот на Детроит Пистонс објави нешто кое ги воодушеви навивачите.

Следната сезона, “клиповите” одреден дел од своите натпревари ќе настапуваат во “ретро” дресовите кои беа едни од најомилените на крајот од ’90-тите. Оваа гарнитура се смета за една од најуникатните до сега и без никаков сомнеж претставува една од најинтересните во кој тимот од Мичиген се појавил на теренот.

Првата асоцијација кога ќе се види овој дрес е легендарниот Грент Хил. Поранешниот All-Star ги одигра најдобрите години во својата кариера во Детроит и беше еден од главните кандидати за MVP наградата.

За сите NBA фанови, ќе биде вистинско уживање да се гледаат “пистонси” во легендарните “ретро” дресови.

NBA FAN
Димитар Младеновски