Кинеските епидемиолози во Србија предупредуваат: Не го допирајте снегот и не го внесувајте дома

136

Едно од прашањата кое што новинарка му го поставила на Танјуг предизвикало големо внимание на денешната седница на Владата на Србија по повод коронавирусот.

Прашањето на новинарката е следно:

„Дали кинеските колеги ви напоменале нешто за снегот и како тој делува на Ковид-19? Еден наш граѓанин кој што се врати од Вухан, ги предупреди граѓаните да не го допираат снегот и да не го внесуваат дома, бидејќи кинеската влада претходно дала такво предупредување уште во времето на епидемијата во Вухан каде што се вели дека вирусот е активен во снегот дури и подолго време отколку на металот. Дали има некакви препораки за жителите да не ги изнесуваат своите деца надвор?“

Епидемиологот Кон изјавил дека вирусот се задржува многу подолго на снегот откоку на топло време, но дека сепак тој се наоѓа во човекот.

„Не разговаравме конкретно за снегот. Факт е дека вирусот опстанува многу подолго на ниските температури. Се задржува подолго, ако воопшто стигне до снегот, но вирусот се наоѓа во секретите на човекот и доколку тие ја допрат површината на снегот, сигурно дека вирусот ќе постои и таму. Не сум размислувал за тоа како вирусот понатаму би се пренел од снегот при допир, но не гледам никаква опасност доколку после тоа рацете добро се измијат“ – заклучил Кон.

„Вирусите не можат да се размножуваат во снегот затоа што нив им е потребен домаќин“ – истакнала докторката Милошевиќ.