Синоќа се случи фантастичен поентерски дуел во “Мода центар”, Орегон.

Дуелот помеѓу Портланд Трејл Блејзерс и Атланта Хокс го одбелеша “престрелката” помеѓу Треј Јанг и Енферни Сајмонс. Во исклучително неизвесен меч, домаќините ја анулираа предноста во последните минути и успеаа да го одбранат теренот. Конечни 136-131 за “блејзерси”.
All-Star бекот на “јастребите” постигна рекорд во кариерата, 56 поени со седум погодени обиди за три поени. Јанг на својот сјајен поентерски перформанс придодаде и 14 асистенции. На спротивната страна, младиот Енферни Сајмонс постигна 43 поени (од кој девет тројки) и 7 асистенции. Вкупно помеѓу бековите беа постигнати 99 поени што претставува овогодишен рекорд.
NBA FAN
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















