Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев на тв дуел. Тој вели дека добил покана од две телевизии да гостува на тв дуел со Заев и дека се надева дека претседателот на СДСМ ќе биде храбар и ќе ја прифати поканата.
„Јас и двете понуди за ТВ дуел со задоволство ги прифаќам, затоа што не бегам од соочување и не бегам од вистината, а Заев е тој кој е должен да одговори и да се соочи со фактите кои се одраз на вистината. За мене принципите и вредностите се тие кои треба да го движат општеството, а нема вистина без принципи. А народот ја чека вистината на повеќе прашања“ напиша Мицкоски на Фејсбук.
„Се надевам дека Заев ќе се охрабри, нема да се крие позади скапо платените спотови, зарибана пропагандна машинерија и лажните вести и ќе прифати ТВ дуел. Па народот нека процени, затоа што тој никогаш не греши“ додава Мицкоски.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















