Најжешките летни викенд фотографии на познатите секси Македонки: Таму каде што машкиот поглед запира (ФОТО)

798

Летото е иделно за одмор ама и за добар маркетинг на познатите личности од естрадата. Згодно годишно доба кое нуди безброј прилики естрадата да покаже со што располага, зашто плажата, сонцето, морето, езерото или базенот нудат поголема можност од сцената… Или можеби не? Сепак, жештините и социјалните мрежи се идеално место за промоции на сопствените пропорции!

Ако ги „прочешлате“ Фејсбук и Инстаграм ќе налетате на исто толку жешки, а кај некои и повеќе од тоа фотографии, кои не изостанаа и овој викенд да осамнат на Интернет.

Ние направивме мини избор од ајжешките летни викенд фотографии на познатите секси Македонки. Таму каде што машкиот поглед запира, не престанува и вашата љубопитност, па затоа, погледнте колку разголени и секси беа овие два дена, македонските убавици од јавната сцена.

– На Лила Филиповска минатата недела и беше баеги турболентна. Не и се оствари желбата да замине на Миконос, па патувањето и беше „утка“, оти „пријателчето“ со кого требаше да замине, замина во Шутка.

Овој викенд Лила  остана во Скопје. Но тоа не ја спречи да најде модус да ужива. Ако не море и езеро, тогаш  на базен. И тоа на ноќно капење! До половина во вода во костим што блеска во мракот. Под него, доволно видливо она што не и дозволува да потоне!

А преку ден…? Исто како навечер. Плус фаќање тен на жешкото сонце и една дилема? Кој и ја грицна лубеницата на Лила?

Не е до лубеницата, туку до навиката… Да не се заборави, па да грицне таму кај што не треба!

Александра Накова живее најблизу до море…Во Гевгелија, ама најчесто користи базен. И тоа оној во едно од најпознатите гевгелиски казина.

Така беше и овој викенд, А Накова, вообичаено распослана на лежалката уште еднаш покажа се’, а најмногу каква и е ружичката… Онаа, тетовираната на левиот колк, се разбира!

Мелита пак, уште еднаш не пропушти да потсети на своето „змиско тело“, ама и таквиот табиет, кога „ќе и стапнете на опашка“, односно кога ќе ја налутите.

Тогаш – ве брише… И тоа без гумичка… за бришење!

Љупка Митрова викендов не беше на море. Ама тоа не значи дека трпи жештини, па спарина ја реши на друг начин: Се соблече, па спои убаво и корисно. Ем голата коже полесно дише, ем е поатрактивна за фотообјективот и нова фотосесија. Така сексапилната струмичка модна блогерка и инфлуенсерка уште еднаш покажа дека не е со крстот на чело, туку на грб!

Таму го има истетовирано! А кога не си на плажа, жештината се решава кога ќе го спуштиш фустанот од половина надолу…

…Или од половина нагоре. Со кренати и раширени нозе…

…За да може свежиот воздух од климата, подобро да струи!

Ана Стојанова е позната како сексипилната фитнес инструкторка и мотиватор, која се залага за здрав живот, физичка активност и здрава исхрана во својата програма. Овој викенд, нејзиниот изглед и бујните телесни атрибути беа одново на програма, на нејзиниот Инстаграм профил.

Штом ја погледнете одзади, веднаш почнувате да чувствувате промена на себе…

А кога ќе ја погледнете на најновата фотографија однапред, особено таму каде што машкиот поглед запира, веднаш ќе ви стане јасно дека за промената кај вас не треба да поминат 60 секунди, а камоли 6 месеци!

Сузана Турунџиева дефинитивно е најсекси баба! Не по години, туку по статус! Но тоа никако не ја спречува да покаже дека и тоа како има што да понуди… на секое поле! Викендов одново покажа дека на Сузана тешко може да и се најде телесна маана. И под вода и кога е на суво…

Репликата во живо, на сликата нацртана на ѕидот е најдобар доказ дека со „бабата“ нема мајтапење…

Единствено вишок е горниот дел од бикинито, за вака стројна и лична, позата да биде идентична, со она што е насликано на ѕидот