Решена мистеријата на пораката во шише стара 20 години: „Ни се јави хоџа и ни објасни што се наоѓа на хартијата!“

107

Лена Стојадинов од Нови сад, 20 години чувала писмо кое нејзината мајка го нашла покрај Тиса и се обидувала да го одгатне.

Хоџа од Босна се јавил и дал објаснување што се наоѓа на хартијата.

„На хартијата има запис, односно некој вид на отргнување на клетва. Кога нешто ти оди по зло одиш кај хоџа и тој нешто ти запишува кое подоцна го носиш како амајлија и потоа тоа ти помага. Меѓутоа никој не знае што ти запишува хоџата, освен тој самиот“ – објаснил хоџата.

Тој исто изјвил дека постоела некоја пословица: „Ни записот на хоџата повеќе не може да ти помогне“.

„Не е љубовно писмо, не е формула по квантна физика, не е песна или пак закана како што веќе знаат да измислат. На некој веројатно сè му одело лошо во животот, отишол кај некој хоџа, тој му запишал нешто“ – објаснил хоџата.

Меѓутоа, само тој хоџа кој што го запишал тоа го знае неговото значење.

„Само тој што го запишал тоа знае да го дешифрира истото. Пишувањето може да биде во две насоки – за добро или за лошо. Има луѓе велат него не го сакам, можеш ли нешто да запишеш да му се случи нешто лошо на тој човек. Кога маката ќе го натера на човекот тогаш тој оди кај хоџа. Се прават и амајлии, па тоа се носи или пак се фрла некаде“ – додал хоџата.

На крајот тој заклучил дека кога хоџите пишуваат лоши работи, обично тие нагласуваат тоа да се стави во шише за подолго да траат.