Поранешниот сопруг на Моника Белучи и неговата 30 години помлада избраничка блеснаа на црвениот тепих во Кан

510

По бракот со италијанската дива Моника Белучи, познатиот француски актер среќата ја најде со 30 години помладата убавица Тина Кунаки.

Својата врска тие ја крунисале со брак во август 2018 година, а деновиве како и многу од ѕвездите не сакале да го пропуштат новото издание на филмскиот фестивал во Кан.

Уште со самото пристигнување во Кан, Касел и неговата 30 години помлада избраничка успеале да го украдат вниманието благодарение на нивните модни изданија.

И, додека поранешниот сопруг на Моника Белучи прошетал во минималистичка комбинација, 25-годишната убавица од Франција го привлекла вниманието во комбинација од кошула и здолниште со интересен дизајн.

Доминацијата на беж бојата ја разбила со сина чанта, како и црни чевли со потпис на својата блиска пријателка, дизајнерката Амина Муади.

Во вечерните часови Венсан и Тина со својата појава привлекле уште поголемо внимание, се појавиле на премиерата на хорор-филмот „Crimes of the Future“, кој како и останатите ѕвезди не сакале да го пропуштат.

Тие подготвено позирале пред фотографите, а избраничката на Венсан со својот моден избор успеала да засени многу од актерките и манекенките.

Како холивудска дива, таа на црвениот тепих пленела со елеганцијата во зелениот фустан којшто го носела, но и додатокот – белите, долги ракавици.

Инаку, фустанот е дел од актуелната колекција на високата мода која ја претставил Пиер Паоло Пиколи на чело на модната куќа „Valentino“.