Македонскиот шампион, МЗТ Скопје доведе четири странски кошаркари во рок од 24 часа.
По пристигнувањето на српско-хрватскиот центарски тандем, односно Душан Танаскович и Марко Бакович, “металците” ја пополнија и бековската позиција. Станува збор за двајца играчи кој се со идентична висина (188 цм.), идентична возраст (24 години) и двајцата се родени во САД.
Седрик Расел доаѓа од српскиот Тамиш а пред тоа има настапувано на два престижни амерички универзитетии, Луизијана и Охајо Стејт. Се работи за брз организатор на играта со солиден шут од далечина.
Од друга страна, Ејасу Уорку има настапувано за хрватски Забок а потоа во нашето првенство бранејќи ги боите на КК Гостивар во натпреварувачката 2021/2022. Ланското првенство го мина во дресот на хрватски Задар каде остави повеќе од солиден впечаток.
Кај “штрковите” освен странските засилувања во составот за престојното првенство се и браќата Стојановски, младиот Андреј Андоновски а договори се потпишаа и со талентираните Марин Петков и Марко Миловановиќ.
Уживајте во најубавите потези од страна на новиот американски бековски тандем во Аеродром.
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















