Милан е најактивниот тим во досегашниот тек на преодниот рок.
Итлијанскиот гигант доведе уште едно ново име во составот.
Според медиумите, “росонерите” го договориле своето најново засилување. Станува збор за 23-годишниот швајцарски напаѓач Ноа Окафор кој доаѓа од тимот на Ред Бул Салцбург. За 110 натпревари има постигнато 34 голови.
Окафор подеднакво добро може да се снајде на позициите централен напаѓач и крило. Ќе претставува шестото ново име во тимот по доведувањето на Марко Спортиело, Лука Ромеро, Рубен Лофтус-Чик, Kристијан Пулишич и Tиани Рејндерс.
По продавањето на Сандро Тонали (за 80 милиони евра во Њу Касл) “росонерите” обезбедија доволно средства за обнова на тимот. Според најавите ќе бидат потрошени и дополнителни 50 милиони евра до затварањето на трансфер пазарот.
Се очекуваат уште засилувања а најблиску до “Сан Сиро” е напаѓочот Саму Чукуезе кој од 2018 година настапува за шпански Виљареал. Нигерискиот репрезентативец би го чинел Милан околу 30 милиони евра.
Димитар Младеновски