Научно докажано – Жените се попребирливи при изборот на партнер!

334

Жените кои се помлади од 40 години поставуваат високи критериуми при барањето на партнер “онлајн”, додека мажите со текот на годините стануваат попребирливи, покажуваат резултатите од една австралиска студија.

Психолошката студија на универзитетот Квинсленд, врз основа на испитување на повеќе од 41 илјади корисници на сајтови за запознавање, утврдила дека постојат значајни разлики помеѓу приоритетите кои ги поставуваат мажите и жените, барајќи сродна душа на интернет.

Водичот на истражувањето, д-р Стивен Вајт вели дека тој и неговиот тим заклучиле дека жените помеѓу 18 и 30 години го нагласуваат образованието како еден од најважните критериуми при изборот на партнер. Во тие години, како што истакнува Вајт, жените бараат сопатник кој има исто или повисоко ниво на образование.

“Еволуцијата открива дека жените се многу селективни кога е во прашање партнерот и тоа во многу култури. Тие го користат образованието како еден од индикаторите затоа што тоа се поврзува со интелигенција и социјален статус, а двата атрибути се посакувани”, објаснува д-р Вајт.

Додека жените до триесеттите години имаат специфични и конкретни ставки кога е во прашање потенцијалниот партнер, мажите се помалку пребирливи до четириесеттите години, по кои стануваат и попребирливи од жените, открива оваа студија.

Оваа студија е реализирана по една година откако д-р Вајт и неговиот тим спровеле истражување од областа на сајберпсихологијата и однесувањата на интернет.