Moжно одложување на стартот на сезоната во Италија

530

Почетокот на новата сезона во италијанската Серија А може да биде одложен.

Главна причина поради ваквата можност е топлотниот бран во земјата, најави претседателот на лигата, Лоренцо Казини.

“Ќе биде многу тешко за играчите ако сезоната започне на 13 август. Првиот проблем е поврзан со климата, бидејќи ако продолжат сегашните температури ќе биде многу тешко да се започне сезоната на тој датум, како што веќе е договорено. Втората причина е дека оваа сезона и онака ќе биде невообичаена само по себе поради паузата поврзана со Светското првенство во Катар.” – изјави Казини за италијанските медиуми.

Температурата во некои области на Италија надминува 40 степени и тоа во моментов е загрижувачки за раководните структури на лигата. Се очекува официјално решение (најдоцна) на почетокот од наредниот месец.

Димитар Младеновски