Милица Павловиќ важи за една од најбараните пејачки на естрадата, но пред да дојде до ова што таа е денес патот по кој минала воопшто не бил лесен.
Најпрвин работела физички работи, односно на лента во една печатница во Швајцарија, а како што вели таа работата воопшто не била лесна, но издржувала поради добрата плата. Од првите заработени пари, вели таа, реновирала дел од куќата на нејзините баба и дедо кои ја исчувале како девојче, кога нејзините родители се развеле.
Работев во една печатница во Швајцарија. На почетокот ги извршував најтешките работи. Носев и редев кутии, лепев налепници, а подоцна работев и на лента. Од првата плата ја реновирав кујната, а подоцна од заштедените пари и целата куќа на моите баба и дедо“, раскажува Милица и потенцира дека таа и денес би ја работела истата работа ако треба.
И додека работела во Швајцарија, таа имала амбиција да стане она што е денес. Отишла на часови по пеење, аплицирала за натпреварот во музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде постигна успех, а сега го живее својот ѕвезден сон.












![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)

















![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-100x70.webp)

