Концертен спектакл во Охрид – Цеца полни стадиони како од шега!

1239

“Ваздух који дишем, не треба ми, не, кол’ко усне твоје што ме не љубе”, беа стиховите со кои Цеца Ражнатовиќ го означи стартот на саботниот концерт кој го одржа на стадионот “Билјанини извори” во Охрид.

“Добро вечер Македонијо, ви благодарам за љубовта која ми ја давате. Ве љубам и јас. Во тоа име ајде да пееме”, рече српската ѕвезда и почна да ги реди хитовите.

Преполниот стадион во еден здив го скандираше нејзиното име, а во првите редови беа наредени армија фанови кои танцуваа и пееја со неа.

Облечена во сребрен тесен фустан до под колена кој ја потенцира нејзината силуета Цеца само уште еднаш потврди дека е една од најзгодните и најубави дами на естрадата на овие простори.

Публиката немаше што не знае, од прва до последна песна ја следеше, а посебен хаос настана кога ја запеа “Маскарада” и “Драгане мој”.

Музичкиот спектакл го затвори со темата “Докторе”, а пред неа публиката ја забавуваше Џенан Лончаревиќ кој пееше околу два часа.