Ѓорѓе Давид по победата на коронавирусот го менува животот од корен, а еве што ќе биде дел од неговото секојдневие

840

Рокерот Ѓорѓе Давид откако ја победи корната и помина време во самоизолација го менува својот живот од корен.

Според пишувањата на српските медиуми, пејачот планира носењето на маски да биде дел од неговото секојдневие.

„После се што поминав, сериозно размислувам носењето на маска да ми биде секојдневие. Секоја чест за исклучоците, но, нашиот народ не води грижа за хигиената. Животот ми беше загрозен“ вели Ѓорѓе Давид и додава:

ФОТО: Е СТОК

„Јас предлагам кога ова ќе заврши, таму од септември да организираме музички карневал кој ќе оди од Белград, преку Нови Сад до Ниш. Секако, се тоа ќе биде од хуманитарен карактер, а парите може да се донираат за реновирање на болниците во Србија“ вели пејачот.

За потсетување, Ѓорѓе Давид беше позитивен на корона и беше во болница 14 дена.