За здравјето на британската кралица Елизабета Втора (94) се пишува со години, а во последните месеци многу странски медиуми пишуваат дека здравствената состојба ѝ е многу лоша.
Иако Бакингемската палата досега ги демантираше сите овие наводи, магазинот „Глоуб“ повторно пишува дека кралицата нема уште долго да живее, а сега ја откриле и нејзината наводна последна желба.
Како што открил изворот, скандалот што го потресе кралското семејство на крајот на минатата година, во кој нејзиниот најомилен син, принцот Ендрју (60), е вплеткан во секс аферата во која починатиот Џефри Епштајн е осуден како сексуален предатор, му нанесе голема штета на кралскиот двор. Но, сега е дошло време спомнатиот принц за тоа и да плати.
Иако принцот Ендрју доброволно се откажа од кралските должности, исто како што тоа го направија и принцот Хари и Меган Маркл, за 94-годишната кралица тоа не беше доволно, па таа сега одлучи да го разреши и од неговите титули.
Како што наведува неименуваниор извор, последната желба на кралицата пред смртта е да му ја одземе кралската титула на својот син заради лошиот публицитет што го донел во последните неколку месеци на кралскиот двор.
– Ендрју ја изгуби репутацијата, кралската работа, платата, а наскоро ќе ја изгуби и титулата. Тој не може да го избегне соочувањето со законот. Ќе го добие она што го заслужи – заклучи изворот.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















