Немања Матич има нов тим.
Според италијанските медиуми, српскиот играч за врска како слободен агент ќе се пресели на “Олимпико”. Интересно е што Матич повторно ќе соработува со тренерот Жозе Мурињо со кој беа заедно во Челзи а потоа и во Манчестер Јунајтед.
Србинот по завршувањето на договорот го напушта “Олд Трафорд” и веднаш пристигнаа понудите за негов ангажман. По се изгледа на повидок е спојување со неговиот пријател на клупата на “римската волчица”.
Димитар Младеновски

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















