Анте Гаџа е максимално мотивиран за настап во дресот на Вардар, откако хрватскиот среден бек го комплетираше трансферот во таборот на македонскиот првак. Тој се договори за двогодишна соработка со „црвено-црните“, па си заминува од Загреб по само една година во дресот на хрватскиот шампион, каде пристигна од редовите на Нексе.
„Во Загреб ми беше навистина убаво, но кога ќе стигне повик од Вардар, кој е актуелен првак на Европа, тоа едноставно не може да се одбие. Едвај чекам да заминам за Македонија“, вели Гаџа во изјава за хрватската телевизија РТЛ.
Воедно, тој очекува со добри игри во дресот на „вардарци“ да се наметне и кај селекторот Лино Червар за место во репрезентацијата на Хрватска, каде конкуренцијата за неговото место во тимот е огромна (Дувњак, Карачиќ, Циндриќ).
„Јас и досега се наоѓав на поширокиот список на селекторот, но сега очекувам чекор напред. Ќе играм во Лигата на шампионите, верувам дека ако се покажам со моите настапи селекторот ќе знае тоа да го цени“, истакнува Гаџа.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















