Луда забава и никаква дистанца на Градиште! Дали Охрид ќе стане новото жариште?

79

На видеото објавено на Фејсбук може да се види дека никој од присутните на забавата не носи маска, а не се почитува ни правилото за држење на дистанца.

Голем број на млади луѓе го искористија продолжениот викенд и празникот Иленден за да отпатуваат во Охрид. И покрај строгите протоколи, дел од нив луд лудо се забавуваа на Градиште во Оххрид.

Како што може да се види на видеото кое се шири на Фејсбук, мерките за заштита од коронавирусот не се почитуваат – никој не носи маска, никој не држи дистанца.

Министерот за здравство, Венко Филипче претходно предупреди “дека вирусот не е на одмор”, и дека граѓаните мора да бидат внимателни.