Изминатиот викенд во Анталија, Турција, се одржа изборот за убавина “Miss Tourism Eurasia 2018” , на кој учествуваа 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија.

Боите на Македонија ги бранеше Емилија Димитриевска од Скопје, која успеа да забележи голем успех и се пласираше во топ 10 финалистки. Победничка на изборот, пак е претставничката на Латвија, прва придружничка е мисицата од Кипар, а втора убавицата од Русија.

Инаку, изборот се одржа во “Тopkapi Palace hotel” во кој девојките престојуваа 15 дена и се подготвуваа за големото финале. Нашата Емилија е дел од модното студио “Црнокрак” кое ја поседува и лиценцата за овој интернационален избор на убавина, а на финалната вечер се претстави во тоалета специјално изработена за оваа прилика од младата модна дизајнерка Ива Спасовска.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















