Џеси Лингард има нов клуб.
Повремениот англиски репрезентативец потпиша за новопромираниот прволигаш Нотингем Форест. Лингард заминува од Манчестер Јунајтед каде беше под договор од 2011 година иако многу пати беше позајмуван. Некогашниот голем талент (како позајмен играч) ги бранеше боите на Лестер, Бирмингем, Брајтон, Дерби Каунти и Вест Хем. И покрај тоа што за него имаше голема заинтересираност од страна повеќе тимови од (американската) МЛС лига, тој реши да остане во својата татковина. Лингард пристигнува како слободен играч и потпиша едногодишен договор.
Ова е шесто официјално засилување за повратникот во Премиер лигата. Нотингем претходно ги донесе голманот Дин Хендерсон (на позајмица од Шефилд Јунајтед), десниот бек Жилиен Бјанконе од Троја, централниот бек Муса Ниакате од Мајнц, напаѓачот Таиво Авонији од Унион Берлин, како и Омар Ричардс кого го ангажираа од Баерн Минхен.
Димитар Младеновски