ЗОРАН ЗАЕВ ЗА ПРВПАТ ОТКРИ ШТО МУ РЕКОЛ ЦИПРАС ЗА НЕГОВАТА ЌЕРКА АЛЕКСАНДРА

1087

Во новогодишното интервју на телевизија 24 вести, екс премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица открија многу непознати моменти од нивниот живот.

Зорица кажа дека таа од старт на неговата премиерска кариера му напоменала на својот сопруг дека нема да оди да живее во Скопје, туку ќе си остане во Струмица, заедно со децата.

Зоран се согласил на одвоениот живот, сам да престојува во вилата на Водно, за за викендите да си доаѓа во Струмица и да се гледа со семејството. Секако, Зорица присуствува на сите протоколарни настани со сопругот Премиер.

Заев откри една интересна ситуација од преговорите со Ципрас, кога, како што кажа морале да попуштат и двете страни. Во еден момент, Алексис Ципрас ми рече:

,,Зоран, имаме уште еден проблем во преговорите. Имаш многу убава ќерка!”

-Јас се изненадив, вели Заев, го прашав дали случајно има син да се посватиме и се пошегував дека ќе треба да ми даде еден остров во мираз. Но и го прашав Ципрас од каде ја знае ќерка ми?

Тој ми одговори дека медиумите во Грција пренеле дека Александра со дечкото била во Атина и се појавиле нејзини фотографии, при што забележал дека е многу убава!