Наследничката на славниот холивудски актер, тргна по стапките на својот татко, па интензивно се занимава со актерство.
Ќерката на Силвестер Сталоне, Систин Сталоне (22), била фотографирана на плажа со пријателите откако неколку месеци ги помина во карантин со својот татко, мајка и сестрите.
Имено, младата убавица која што пред неколку години тргна по стапките на својот татко и почна да се занимава со актерство, оваа седмица ужива на Малибу со своите пријатели, каде што ја покажала својата витка линија и спортска способност.


Таа се сончала во бела топ маичка и кратки шорцеви, а потоа го покажала затегнатото тело без грам вишок килограми и постојано била насмеана и добро расположена.
Инаку, младата актерка наскоро треба да го продолжи снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“, во кој што глуми со колешката Меган Фокс.


