Карпош во магла: Гори отпад позади СЦ „Борис Трајковски“

36

Утрово беше забележан голем чад во Карпош 3, позади Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Од противпожарната бригада на Град Скопје велат дека станува збор за запален отпад на помала површина, но истиот претставува проблем за гасење.

Очевидци велат дека станува збор за отпад кој припаѓа на општината, а од противпожарната служба тврдат дека се работи за градежен шут, пренесува „Слободен печат“.

„Се работи за градежен шут и отпад. Имаме три возила и осум пожарникари на терен. Не станува збор за голем пожар, зафаќа мала површина, меѓутоа е малку проблематична за гасење. Нема опасност за ништо“, велат од службата.

Од МВР велат дека засега немаат добиено пријава за пожарот.