Катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“ добија нови имиња

784

Градот Скопје започна со менување на имињата на катните гаражи.  На следната седница на Советот на Скопје идната недела, пред советниците ќе се најде предлогот за преименување на гаражите „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“.

Според предлогот на градските власти, гаражата „Македонска фаланга“, која се наоѓа  на улица „Свети Кирил и Методиј“, во близина на трговскиот центар „Рамстор“ ќе се вика „26-ти Јули“. Поводот е 55-годишнината од земјотресот во Скопје, како и зачувување на историјата на градот.

„Ова е еден пример на вреднување на историјата и на имињата кои потекнуваат од обновата на Скопје по земјотресот на 26-ти Јули 1963 година“, стои во образложението на предлогот.

Гаражата „Тодор Александров“, лоцирана на улица „Даме Груев“ се предлага да се преименува во „Беко“, заради зачувување на урбаниот топоним кој потекнува од стоковната куќа „Беко“, која сега не постои, но граѓаните на Скопје сѐ уште го користат за локацијата каде што се наоѓа објектот.

loading...