Маја Синадиновска познатата водителка, ќерка на покојниот Бранко Синадиновски му се заблагодари на лидерот на ДУИ Али Ахмети, за како што вели, се што сторил за нејзиниот татко.
„Почитуван г. Ахмети, драг наш пријателе, во благодариме мајка ми и јас за се во минатото и денес во име на нашиот татко и сопруг и во име на целото наше семејство, напиша Синадиновска на фејсбук.
Претходно кога почина нејзиниот татко, основач на неофицијализираната верска заедница на православните Албанци од Македонија од него на социјалната мрежа се прости самиот Али Ахмети
„Заминувањето на Бранко Синадиновски од овој свет остава празнина во напорите за духовна и национална катарза на православните Албанци во нашата земја, но тој остави и неизбришливи траги и дела во историјата на Албанците воопшто и на православните Албанци особено.
Делата што ги напишал ќе продолжат да ги едуцираат следните генерации. Во овие моменти на тага, изразувам искрено сочувство до неговото семејство, роднините и сите оние што го познаваа“, соопшти Ахмети.
Синадиновски стана познат за јавноста последниве години, по декларирањето на неговото етничко потекло и поддршката за основање на Верска заедница на православните Албанци во Македонија. Синадиновски по потекло е од Беличица, Горна Река, во регионот на Маврово во Македонија.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











