Променливо облачно со засилен ветар

224

– Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три степени, а дневната од минус два до девет степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до нула, а дневната температура до четири степени.Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.