Како Џим Кери во „Глуп и поглуп“: Ливерпул има шанси!

859

Статистичарите на порталот FiveThirtyEight.com ги објавија шансите на сите четири полуфиналисти од Лигата на шампионите за пласман во финалето, но и за освојувањето на титулата во елитното натпреварување.

Не е чудо што Барса има 94% шанси за пласман во финалето и 64% за титулата. По неа следува Ајакс, па Тотенхем, а на крајот е Ливерпул.

Интересно е тоа што „црвените“ не се тотално без шанси. За пласман во финалето тие имаат 6% можности, а за титулата 4%. Значи, сепак, има шанси за Ливерпул…