Пред 19 години Русите го жртвуваа екипажот на Курск: 118 членови загинаа во трагедијата која и денес е мистерија

101

Пред 19 години, на 12-ти август сеизмолошкиот институт на Аљаска забележа потрес од 4,2 степени по Рихтер. Иако сите мислеле дека станува збор за земјотрес, многумина набрзо потоа сфатиле дека не станува збор за тоа.

Неколку илјади километри подалеку од Аљаска, во водите помеѓу Русија и Финска, на руската подморница Курск избиле две силни експлозии, а што точно се случило и натаму е мистерија и руските власти и натаму ги заташкуваат причините за големата трагедија.

Подморницата пловела долж брегот на Русија и Финска и наеднаш експлодирала, по што потона со 118-члениот екипаж. Многумина најпрвин помислија дека подморницата пренесувала нуклеарни боеви глави, а потоа руските медиуми тврдеа дека станува збор за експлозија на ракети наполнети со „ХТП“, сусптанца која доколку протече, доаѓа до брза хемиска реакција која предизвикува експлозија.

Тоа според резултатите на службената владина истрага најверојатно се случило и во текот на првата експлозија на Курск, по што подморницата пропаднала на дното. Следната експлозија која ја детектирал сеизмографот на Аљаска се случила кога подморницата веќе била на дното. Најголемиот дел од екипажот загинал веднаш после експлозиите, меѓутоа 23 лица останале живи.

Поручникот Димитри Колесников пред подморницата целосно да биде потопена, успеал да напише проштална порака.

„Целиот екипаж од деловите шест, седум и осум се преселија во деветиот дел. Тука сме 23 лица. Никој од нас не може да излезе“, напишал Колесников, а неговата порака ја пронајдоа едни од најдобро тренираните нуркачи на светот – норвешките кои што први пристигнаа до подморницата.

Во периодот кога се случи трагедијата на Курск, рускиот претседател Владимир Путин одбиваше било каква меѓународна помош, што на крајот се покажа како кобно за преживеаните морнари.

Многумина сметаат дека Русите одлучиле да ги жртвуваат своите морнари со цел ниту една од модерните западни подморници со своите нуркачки тимови да не дојдат до подморницата и да ги откријат тајните на практично застарената советска подморница „К-129“.